Објавено на:

Крвав напад во училиште во Германија, напаѓачот е уапсен

t

Неколку лица се ранети во напад во средно училиште во Германија, пренесуваат германските медиуми. Полицијата соопшти дека осомничен напаѓач е уапсен, објави „Билд“.

„Осомничениот напаѓач е уапсен“, објави полицијата во објава на „X“.

Првично беше кажано дека четири лица се ранети, но официјалниот број на повредени сè уште не е познат. Според германскиот „Билд“, неколку лица имаат сериозни повреди. Се верува дека некои жртви имаат убодни рани. Сè уште не е познато дали се повредени ученици или наставници.

Повеќе од 15 полициски возила пристигнаа пред средното училиште Велфен во Шенгау, југозападно од Минхен.

„Не можеме да ја исклучиме можноста за пукање во училиштето“ – изјави портпаролот на полицијата.

Осомничениот се обидел да избега по нападот, но набрзо бил уапсен. Хеликоптер бил вклучен во интервенцијата на полицијата и тој брзо го лоцирал.

Полициските службеници ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа поради нападот во училиштето. Засега не е познат мотивот за нападот.

Шогау е мал град на бреговите на реката Лех во западниот дел од Горна Баварија, со население од малку повеќе од 12.000 жители, пишува „Блид“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…