Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат
Русија останува посветена на исполнување на своите обврски за испорака на енергетски ресурси кон „пријателски и братски земји“, меѓу кои и Србија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој потврди дека Владимир Путин телефонски разговарал со Александар Вучиќ, без да навлегува во детали од разговорот, но нагласи дека контактите меѓу двете земји се континуирани, особено во делот на енергетиката.
„Особено сме посветени на нашите обврски кон пријателските и братски земји како што е Србија“, изјави Песков, додавајќи дека Русија има капацитет и подготвеност да остане сигурен снабдувач на енергија и за други пазари, вклучително и европските.
Претходно, Вучиќ соопшти дека со Путин постигнал договор за тримесечно продолжување на гасниот договор под поволни услови, што треба да обезбеди стабилност во снабдувањето во период на зголемена енергетска неизвесност.
Разговорите доаѓаат во време на засилени глобални енергетски тензии, при што прашањето за сигурноста на снабдувањето со гас станува клучно за економската стабилност на земјите во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“,…
Русија останува посветена на исполнување на своите…
Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува…
Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари…
Американските специјални сили слетаа на Блискиот Исток,…
Неколку стотици американски сили за специјални операции…
(Видео) Снимен е насилникот кој намерно газеше…
Снимен е инцидентот од пред три дена…
Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства,…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се…