(Видео) Снимен е насилникот кој намерно газеше човек со џип во Аеродром и излезе да го тепа

t

Снимен е инцидентот од пред три дена во општина Аеродром, во кој возач на џип „БМВ“ намерно удри во човек на тротинет и наместо да му помогне, тој излезе од возилото и го нападна. Настанот со телфон го снимил минувач, кој го испрати на „Слободен печат“.

Тој вели дека бил сведок на брутално насилство и дека тоа што го видел многу го потресло, како и дека двајцата возачи прво си дофрлале нешто возејќи, што, како што додава, е воочибачено во сообраќајот во денешно време.

По тоа возачот-насилник намерно удрил со џип-от во возачот на тротинетот па од ударот, тој летнал преку хаубата на џип-от и паднал на улицата, а насилникот наместо да му помогне, излегол од колата за да го тепа. Вели дека тоа што го видел било обид за убиство, а не како што пишува во полицискиот билтен дека се работи за насилство.

„На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…

Градоначалникот на Белград нападнал опозициска советничка –…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, од Српската…

Отворена истрага против три лица за тероризам

Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе…

Добра соработка за европски резултати – Боксерската…

Боксерската федерација на Македонија упатува искрена благодарност…