Кривична за скопјанец: Во село Љубин имал цел арсенал оружје

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европскиот фронт бара оставка од Гаши: „Како…

Европскиот Фронт изразува длабок револт и огорченост…

(Фото) Граѓаните во шок: Во Прилеп двојазични…

А бе патриотишта, за вака беше муабетот?…

Спречен терористички напад во Москва

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација…

Кузеска: СДСМ бара оставка од членката на…

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната…

Вучиќ: Со вештачка интелигенција додавале луѓе на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…