Кривична за Јани Макрадули за злоупотреба на положбата како директор на „Пошта“

t

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Јани Макрадули поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување”, соопштија од Управата за финансиска полиција.

Како што се наведува во соопштението, во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари.

И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.

„Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата. На овој начин, на АД „Пошта на Северна Македонија“ му била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ