Кривична пријава за директор и вработени во „Национални шуми“, МВР со детали за нивните злоупотреби
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57) од Вевчани, директор во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Шумско стопанство „Стогово“ – Дебар, О.Ј.(64) и М.Л.(59) од дебарското село Џепиште, вработени како референти за испорака во претпријатието и В.И.(47) од Дебар, архивар во претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“, како и против Б.Л.(35) и А.Л.(26) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Откако четвртопријавената В.И. во службената книга внела невистинити податоци за лица кои наводно поднеле барање за издавање дозвола за сеча на дрва, првопријавениот, во својство на директор во ЈП, пропуштил должен надзор врз фиктивните барања и издал дозвола за сеча на дрва и не извршил увид врз испратниците за транспорт.
Второ и третопријавените, во својство на референти за испорака на огревни дрва, свесно и со умисла со повреда на законските прописи издавале испратници во кои биле внесувани невистинити податоци и ги заверувале со свои потписи.
Петто и шестопријавените им помагале на останатите пријавени и со сопствени товарни возила вршеле превоз на дрвната маса и ги прикривале кривичните дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за директор и вработени во…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57)…
Приведен еден од осомничените за нападот врз…
Со повреди по главата и телото завршија…
Уапсен скопјанец кој криумчарел мигранти од Непал
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и…
Мерц бара место за Европа на преговарачката…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека…
Магла на Стража: Возете внимателно, видливоста е…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…