Кривична пријава за полицајка – открила дека полицијата ќе извидува со дрон
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против полицајка од Штип, поради „оддавање службена тајна“.
„Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со едно лице, користејќи телефонски број кој го употребува нејзиниот брат. Во разговорот, таа му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, информации кои претставуваат службена тајна и биле поврзани со конкретна оперативна акција“ соопшти МВР.
Од Министерството наведуваат дека со ваквото постапување пријавената можела да предизвика штетни последици за службата, поради што се сомничи дека го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“.
Покрај кривичната пријава, од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против В.М. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…
Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…
Кривична против инвеститорот и четири лица од…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…
(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…