СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави дека ако објавениот скандал од СДСМ за тендерот од 9 милиони евра е корупција и криминал, нека реагираат институциите, тој нема ништо против. Еве денеска сме пред Државната комисија за спречување корупција, да поднесеме официјална пријава со сите документи, докази и информации што ги објавивме изминативе денови, изјави Петар Огњеновиќ од СДСМ.
„Како што ветивме, нема да дозволиме ова да остане само на прес конференции. Институциите мора да постапат, крадењето на народот да запре и да следува одговорност. Кога фирмата основана пред една година, со само двајца вработени, добива државни тендери од речиси 9 милиони евра, што е тоа ако не шема за испумпување пари од граѓаните? Кога од 6 дури четири милионски договори се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски тогаш што е тоа ако не фаворизирање на омилени фирми?“ рече Огњеновиќ.
Според него, „ова се истите шеми на Никола Груевски. Христијан Мицкоски е само негов ученик и продолжувач на истите методи. Денеска ја поднесуваме пријавата, бараме ДКСК да отвори предмет, да спроведе постапка и да ги испита сите елементи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…