Кривична пријава против прилепчанецот кој на почетокот на месецот предизвика пожар на патничко возило во Прилеп
ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.В.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
На 02.06.2026, пријавениот со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „мазда“ сопственост на М.А.(48) од Прилеп, при што возилото било делумно опожарено. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а по преземени мерки тој е пронајден и лишен од слобода. Од судија на предходна постапка на Д.В. му е определена мерка притвор и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за битолчанец: Вршел полови дејствија пред…
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54)…
Кривична пријава против поранешен директор на Водовод…
Кривична пријава против поранешен директор, поранешен вработен…
СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…
Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…
Кривична против инвеститорот и четири лица од…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53)…
Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…
Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…