Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
Како што информираат од МВР, на 1 октомври лани пријавениот изготвил и со потпис и печат на правно лице, на кое што е сопственик и управител, заверил невистинита исправа (договор за закуп) дека закупил објект од сопственик на објектот кој бил починат во 1994 година.
Невистинитата исправа ја приложил во Управата за јавни приходи кон поднесеното Барање за издавање Решение за добивање согласност за отворање на ново уплатно-исплатно место за приредување игри на среќа, како доказ дека правното лице има корисничко право на објектот, на основа на која Министерството за финансии му издало Решение за добивање согласност за отворање на ново уплатно-исплатно место за приредување игри на среќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…
Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…
Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…