Криза со горивото на Крим: Бензин се точи само четири часа дневно
Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на бензин на Крим ќе биде ограничена на четири часа дневно, најави шефот на регионот, Сергеј Аксјонов.
„Снабдувањето на регионот со гориво сè уште не ги задоволува целосно потребите на жителите. За жал, дел од жителите на Крим во моментов ќе се соочат со ограничен пристап до бензин. Како што ќе се зголемува обемот на увозот, ситуацијата ќе се подобрува“, напиша Аксјонов на Телеграм, пренесува руското радио РБК.
Аксјонов најави дека дневните количини гориво сега ќе се дистрибуираат на бензинските станици во две фази – од 8 до 10 часот и од 18 до 20 часот.
Како што е најавено, во 7 часот интерактивната мапа на бензинските станици на Министерството за гориво и енергетика ќе прикажува ажурирани информации за тоа кои станици имаат бензин и дизел-гориво.
Претходно, претседателот на Советот на министри на Крим, Јуриј Гоцањук, објави дека на Крим и понатаму е во сила привременото ограничување од најмногу 20 литри гориво по купувач.
Според гувернерот на Тјуменската област, Александар Мур, на бензинските станици во регионот се пријавуваат прекини во снабдувањето со моторни горива, што предизвикува создавање долги редици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Криза со горивото на Крим: Бензин се…
Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на…
Три лица загинаа во украински напад врз…
Три лица загинаа, а две се ранети…
Од следната недела значително намалување на цените…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по…
Недостиг на гориво во Русија – бензинските…
Водечките синџири на бензински пумпи во Москва,…
Индискиот премиер до граѓаните: Штедете гориво, работете…
Индискиот премиер ги повика граѓаните да штедат…