Кризен штаб утре, пред владината седница во вторник – ќе паднат ли рестриктивните мерки?

t

Утре по двонеделна пауза состанок треба да има Кризниот координативен штаб кој треба да се изјасни за препораките на Комисијата за заразни болести. Од нивниот заклучок ќе зависи дали на владина седница ќе паднат маските во затворен простор освен во аптеки, болници, старски домови и јавен превоз каде остануваат на сила, укинување на изолацијата за контакти како и одржување на училишни екскурзии.

Експертите нагласуваат дека Омикрон ќе стане ендемски вид и наредната година прогласување крај на пандемијата.

Дали и која мерка ќе се најде на дневен ред за олабавување, од Комисијата за заразни болести велат ќе знаат во среда. Експертите велат дека повеќе нема потреба од рестрикции на граничните премини особено за македонските граѓани при влез во земјата.

– Нема потреба за нашите граѓани да се бараат, за странските државјани да согласно протоколите кои се на сила додека не бидат променети, како што бараат и други земји за наши граѓани негативен ПЦР или сертификат, на пример Грција истакнуваат .

Последна препорака на Комисијата која стапи на сила е укинувањето на маските за учениците од 1 до 9-то одделение, но се уште е на сила носењето на маски за наставниците и останатите вработени во основните училишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

Нема да се јадат само макарони: Владата…

Од идната недела граѓаните може да очекуваат…

Ковачевски: Едноцифрената инфлација е доказ дека мерките…

Премиерот Ковачевски вели дека податоците дека инфлацијата…