Крипто-измама вредна над 37.000 евра, оштетени се млади скопјани
Двајца млади жители на Скопско пријавиле дека наводен измамник им зел околу 2.300.000 денари (околу 37.600 евра) лажејќи ги дека инвестираат во криптовалути, соопшти МВР.
„На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во криптовалути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по мејл дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…