Објавено на:

Крстаречки брод со 206 патници заринка кај Гренланд

t

Крстаречки брод со 206 патници и членови на екипажот заринка на оддалечена локација близу Гренланд и може да биде заглавен таму со денови чекајќи да дојде брод за помош.

Океанскиот истражувач се најде во невоља во понеделникот на заливот Алпефјорд, тесен залив во Североисточниот дел на Националниот парк на Гренланд и не беше во можност сам да се ослободи од заливот, каде заринка според изјавата на Данската Заедничката Арктичка Команда.

Ова значи дека плимата која надојде дента по локално време не ја донесе толку посакуваната можност бродот да исплови и со тоа шансата бродот да се ослободи сам пропадна. Моментално нема повредени луѓе на бродот, а и нема оштетувања на самиот брод и на околината како последица на заринкувањето.

Следејќи го инцидентот, најблискиот брод кој може да помогне „Кнуд Расмусен“ кој беше испратен да помогне, но бродот е оддалечен 1200 милји (2200 км) за што ќе биде потребно неколку дена за да стигне на местото на инцидентот. Се очекува бродот да пристигне некаде во петок по локално време, доколку нема бури или лошо време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел

Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…

Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…

Крстаречки брод со 206 патници и членови…

Првиот брод исплови од Мариупол

Откако руските сили го окупираа Мариупол по…

Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…

Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…

Нема милост во војна? Русите разнесоа цел…

Руската армија го спречи обидот за евакуација…