Кси Џинпинг: Кина секогаш ќе биде добар пријател и партнер на пацифичките островски држави
Кси го нагласил долгогодишното пријателство меѓу Кина и пацифичките островски земји и го поздравил плодниот развој на нивното сеопфатно стратешко партнерство.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг доставил денеска пишано соопштение на вториот состанок на министрите за надворешни работи на Кина и пацифичките островски земји на Фиџи.
Кси го нагласил долгогодишното пријателство меѓу Кина и пацифичките островски земји и го поздравил плодниот развој на нивното сеопфатно стратешко партнерство кое опфаќа меѓусебно почитување и заеднички развој последните години, нарекувајќи го одличниот пример за соработка Југ-Југ (техничка соработка меѓу земјите во развој на јужната хемисфера).
Кина и осумте земји од пацифичките острови ги кренале своите односи на ниво на сеопфатно стратешко партнерство кое се карактеризира со взаемно почитување и заеднички развој во текот на посетата на Кси на Папуа Нова Гвиенија во ноември 2018-та година.
Кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји моментално престојува на Фиџи каде учествува на вториот состанок меѓу министрите за надворешни работи на Кина и пацифичките островски земји.
Кина отсекогаш се придржувала до принципот дека сите земји се еднакви без разлика на нивната големина, навел Кси во пишана изјава.
Кина без разлика на тоа како ќе се менува меѓународната ситуација секогаш ќе биде добар пријател, брат и партнер земја на пацифичките острови, додал кинескиот претседател.
Воспоставувањето на механизми за состаноци на министрите за надворешни работи на Кина и пацифичките островски земји минатиот октомври создало нова платформа за овие земји да го унапредат дијалогот, меѓусебната доверба и соработка, рекол тој. Зачувувањето на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и промовирањето на развојот и просперитетот на земјите ширум регионот е заедничка желба на луѓето во регионот, рекол Kси и додал дека тоа е заедничка одговорност на сите земји.
Кина е подготвена да работи со земјите од пацифичките острови на решавање на предизвици, барање заеднички развој, како и на заедничка изградба на блиска заедница со заедничка иднина меѓу нив, истакнал Кси Џинпинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што значи прогласување епидемија
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро…
(Видео) Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е чиста,…
Ешерихија коли или било која друга бактерија…
ОЈО Скопје по допрен глас ќе го…
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по…
Над 100 пациенти дневно на Инфективното во…
Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат…