Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија директно се пресликува и во Македонија

t

Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија – перење пари, контрола на медиуми, тајни бизниси, корупција, директно се пресликува и во Македонија, наведува СДСМ во соопштение од прес-конференцијата на портпаролката и член на ИК на СДСМ, Богданка Кузеска, кое МИА го пренесува интегрално:

Започна разоткривањето на Орбановата мафијашка мрежа, сè ќе видат граѓаните на Македонија. Петер Маѓар ја пушти лавината. Наскоро и граѓаните на Македонија ќе ја видат вистината за Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Како што најавивме пред неколку месеци, акцијата за разоткривање на Орбановата мафијашка мрежа започна.

Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија, отворено започна борба против системот кој со години ја ограбуваше Унгарија и градеше регионална мрежа на криминал и корупција.

Маѓар јавно соопшти дека Орбановите тајкуни масовно префрлаат десетици милијарди форинти во Обединетите Арапски Емирати, САД, Уругвај и други далечни земји.

Дека се продаваат медиуми и телевизии (вклучително ТВ2 и пропагандните куќи поврзани со Антал Роган) по цени под пазарната вредност. Дека очекува масовно повлекување и бегство на Орбановите најблиски соработници и нивните семејства, за што побара институционални реакции за тоа да не се дозволи.

Унгарските и европските медиуми овие денови пишуваат дека станува збор за систематско ограбување на државата, перење пари и обид да се сокрие имотот пред новата власт да започне сериозни истраги.

А што значи тоа за Македонија? Тоа значи дека наскоро и граѓаните на Македонија ќе имаат можност да го видат она што СДСМ го кажува веќе месеци наназад:

• Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ се најблиските Орбанови партнери и пријатели на Балканот.

• Повеќе од 40% од медиумскиот простор во Македонија е во рацете на Орбановата мрежа.

• Компанијата 4iG, блиска до Орбан, ја купи лиценцата за четвртиот мобилен оператор токму за да ја поврзе содржината на нивната медиумска мрежа.

• Постојат договори во енергетиката со луѓе блиски до Орбан, кинески кредити од преку милијарда евра кои поминаа преку Будимпешта, железнички проекти и обиди да се врзе Македонија со бизниси преку коридорот кој го контролира Орбан и неговите партнери.

• Занемарувањето на Коридор 8 и префрлањето кон Коридор 10, поради што изгубивме европски средства.

Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија – перење пари, контрола на медиуми, тајни бизниси, корупција, директно се пресликува и во Македонија.

Зашто Мицкоски и ВМРО не се само политичка партија. Тие се дел од истата регионална криминална мрежа со Орбан и Вучиќ.

Петер Маѓар го нарекува Орбан шеф на мафија.

СДСМ веќе со месеци вели дека ВМРО е криминална организација која ја зароби државата.

Сега доаѓа времето кога тоа ќе можат да го видат и сите граѓани на Македонија.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива…

Сè што Маѓар сега го разоткрива во…

Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник

По недела по освоеното второто место на…

(Видео) Ова е моментот кога е уапсен…

На социјалните мрежи се појави снимка од…

Филипче: Младите се иселуваат и вадат бугарски…

Со оваа партиска структура во власта, со…

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е…

Во изминативе денови, сведоци сме на уцени…