Објавено на:

(Видео) Ова е моментот кога е уапсен напаѓачот на гала вечерта на Трамп

t

На социјалните мрежи се појави снимка од апсењето на 31-годишниот Американец Кол Томас Ален, кој тешко вооружен упаднал во хотелот Washington Hilton во Вашингтон во момент кога таму се одржувала свечена вечера на дописниците од Белата куќа.

Во моментот на инцидентот во балската сала биле американскиот претседател Доналд Трамп и повеќе високи функционери од неговата администрација, меѓу кои потпретседателот Џеј Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и директорот на ФБИ Каш Пател.,

На снимката се гледа како осомничениот лежи на подот опкружен со униформирани припадници на безбедносните сили и агенти на Тајната служба на САД.

Поранешниот агент на Тајната служба Бери Донадио изјавил дека го гледал инцидентот „во шок“, но оценил дека на теренот имало доволно безбедносен персонал и дека напаѓачот на крај бил брзо совладан.

Според него, обезбедувањето имало само неколку секунди за реакција откако почнало пукањето, а фактот што успеале истовремено да ја лоцираат заканата и да го заштитат претседателот покажува дека процедурите функционирале.

Тој нагласил и дека хотелот Washington Hilton е огромен комплекс, што значително ја отежнува работата на обезбедувањето. Бидејќи напаѓачот бил гостин во хотелот, легално можел да се движи низ делови од зградата сѐ додека не го извадил оружјето.

Истражителите сега ги анализираат моментите во кои осомничениот со оружје се движел од хотелската соба до лобито без да биде запрен пред да се слушнат првите истрели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова е моментот кога е уапсен…

На социјалните мрежи се појави снимка од…

Филипче: Младите се иселуваат и вадат бугарски…

Со оваа партиска структура во власта, со…

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е…

Во изминативе денови, сведоци сме на уцени…

Се огласи ТАЈНАТА СЛУЖБА на САД по…

Американската Тајна служба на САД со остра…

МВР со детали за пожарот во Карпош:…

Две патнички возила целосно изгореа утринава во…