Кулеба пресреќен: Посетата на Бајден е победа за украинскиот народ

t

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев и сигнализира на Русија дека никој не се плаши од неа.

Кулеба во писменото соопштение рече дека посетата е историска и дека и Бајден и украинскиот претседател Володомир Зеленски се задоволни од разговорите. – Оваа посета е победа за украинскиот народ и претседателот Зеленски, посочи тој.

„Таа беше спроведена и покрај сè, заради победата на Украина и на целиот слободен свет“, изјави Кулеба.

Тој оцени дека ова е јасен сигнал дека никој не се плаши од Русија.

Претседателот на САД денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев, во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…

(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…

Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…