Mинистерката за култура бега од средба со Арсовска!

t

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска ја поканија министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на средба на која ќе ѝ ги објаснат системските пропусти и неправилности на проектот за реконструкција на Универзалната сала. Исто така побараа од министерката лично да гарантира за безбедноста на објектот.

Редакцијата на Инфомакс го праша Министерството дали министерката ќе ја прифати средбата за запознавање со неправилностите во проектот и дали министерката Стојчевска лично ќе ја гарантира безбедноста на Универзална сала, како што побараа од неа од Град Скопје.

Ги пренесуваме одговорите на Минситерството во целост:

“Почитувани,

повелете одговори на вашите прашања:

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска констатира, јавното обраќање на градоначалничката Данела Арсовска е партиско соопштение испратено на меморандум на Град Скопје.

Тоа не е формат на официјална покана за средба помеѓу градоначалничка и министерка.

Гаранции при реконструкција на кој било објект, па и на Универзалната сала издаваат надлежни институции.

Со почит,

Министерство за култура”

Дадените одговори насочуваат кон мислата дека средба во догледно време нема да има, ниту некој ќе гарантира за безбедноста на Универзална сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…