Кумановец возел без возачка дозвола, па направил сообраќајка, повредени се две лица
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановец возел без возачка дозвола, па направил…
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55…
Сообраќајка на патот Штип – Радовиш, едно…
Вчера во СВР Штип е пријавено дека…
Прегазена е 59-годишна скопјанка во Капиштец
МВР информира дека вчера околу 17:20 часот…
3,15 ПРОМИЛИ – Лишени од слобода пијани…
Лишени од слобода пет лица бидејќи возеле…
Прегазена 19-годишна девојка на булевар кај Бит…
МВР информира дека синоќа во 20 часот…