Прегазена 19-годишна девојка на булевар кај Бит Пазар
МВР информира дека синоќа во 20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с. Арачиново, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната девојка и била пренесна на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…
Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…
МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…
Пијан беровец, со 2,6 промили алкохол во…
Од МВР информираат дека е уапсен беровец…
Тешко повреден 18 годишник откако се превртел…
На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР…
Петмина повредени откако со автомобил излетале од…
На 16.08.2026 во 21:10 часот во Полициската…