Објавено на:

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

t

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.

Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел  во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…

Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…

Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…

Млада кумановчанка го запуштила детето, па го…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(22)…

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…

Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на…

Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена…