Куманово назад во 14 век: Евреите ги гаѓале со јајаца и камења

t

Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои од четвртокот престојуваат во кумановската населбата Зелен Рид, синоќа се префрлени во Скопје. Во групата од 37 членови, американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои имаат легални патни исправи и одобрен престој во Македонија, повеќето од половина се деца. Од МВР потврдија дека тие го напуштиле Куманово и во моментов се во Скопје, и апелираат на толеранција и солидарност со нив. – Пишува С. Николиќ за СДК.мк

„Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, соопштува МВР.


Иселувањето на верниците од Куманово дојде поради лавината негативни реакции и говор на омраза на социјалните мрежи, како и собирањето на граѓаните пред нивната куќа и фрлање со јајца и камења, поради што им беше загрозена безбедноста и мораше да ги чува полицијата.

Поради целата контроверзија околу нивното делување и стравот на кумаовци, тие покрај тоа што се соочија со опасност од насилство, синоќа наишле и на затворени врати таму каде што требале и сакале да се сместат. Од Куманово со автобус во придружба на полицијата тргнале во 22.30 часот, а се сместиле во еден хотел во Скопје во 3 часот по полноќ.

Еврејските верници припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која значи „Чисто срце“ кој брои околу 300 члена, и се противат на државното уредување од верски причини, поради што живеат по свои правила во верба дека човекот може да го спаси само господ. Поради тоа применуваат постојани молитви. Тие се цел на прогон од повеќе држави иако стручњаците велат дека се работи за пацифисти.

Група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па откако и завршил престојот дошле во Македонија. Тука планирале да останат извесен период и потоа да продолжат понатаму.

Тие претходно ја напуштиле Канада откако нивниот водач и неколку членови биле обвинети за киднапирање деца, но станува збор за спор од приватна природа, за мајка која предходно била дел од групата што подоцна ја напуштила. Имале и пријави за злоставување на деца, кои никогаш не биле докажани. – Напиша С. Николиќ за СДК.мк
Фото извор: СДК.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразилската полиција ловеше наркобосови: 13 лица загинаа…

Најмалку 13 лица загинаа кога полицијата во…

180 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Скандал: Полицајци од Тетово, Струмица и граничари…

Полицијаци од Тетово, Струмица и гранични полицајци…

Претрес во Куманово, пронајдени амфетмин и марихуана,…

Денеска во 08.00 часот полициски службеници од…

Во Куманово ќе се гради споменик посветен…

Иницијативата доаѓа од Синдикатот на полицијата на…