Вработена во „Водовод“ пријавена за проневера на пари во претпријатието
Службеничка во ЈП „Водовод“ Куманово е пријавена во полицијата под сомнение дека извршила проневера на пари од сметката на претпријатието.
Пријавата уследила откако било утврдено дека нема совпаѓање на парите и документацијата.
„По проверка на документите од пописот извршен за 2024 година констатирано е несовпаѓање на сумите, по што е направена детална проверка во благајната. Случајот вчера е пријавен во полиција и сега надлежни за истрагата се органите на прогонот и правосудството. Стоиме на располагање за обезбедување на простор, пристап до компјутерска документација и целата финансиска евиденција за утврдување на фактичката состојба“, изјави директорот Оливер Стојмановски, за Кумановоњуз.
Тој тврди дека проневерата не се однесува на граѓаните, туку на претпријтието.
„Корисниците на услугата не се засегнати, издадените каса- прими потврди се совпаѓаат со уплатите регистрирани кај нив. Затоа граѓаните можат да бидат мирни, штета е нанесена на сметката на претпријатието. Се работи за далеку помала сума од она со која се шпекулира во јавноста“, вели директорот.
Неправилностите во работењето биле забележана по инсталирањето на новиот софтвер за наплата, финансиско и сметководствено работење, каде полесно се навигира и видливо е секое отстапување.
Службеничката е остранета од работното место, нема пристап до системот и евиденцијата, за да се заштити истрагата и евентуалните докази.
Доколку се докаже, ова ќе биде трета проневера на пари во ЈП „Водовод“ во последните дваесетина години, во преходните два случаи службениците биле осудени на казна затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…