Објавено на:

Куман: Ако е офсајд, зошто ти требаат четири минути да си го допираш увото!

t

Дербито меѓу Холандија и Франција немаше голови, се случи еден контроверзен момент кога беше поништен голот на Симонс, кој крена прав.

Холандија не успеа да ја совлада Франција иако еднаш им ја затресе мрежата, сепак погодокот на Симонс беше поништен поради пасивен офсајд кој беше досуден по долги прегледи. Главен актер беше судијата Ентони Тејлор.

„Ако е офсајд, тогаш зошто ти требаат четири минути да си го допираш увото. Ако толку многу се сомневаш, треба да покажеш дека е гол“, рече лутиот Куман по мечот.

Тој сепак признава дека ремито е реален исход на мечот.

„Резултатот е разочарувачки за нас, но ако го погледнеме целиот меч, ремито е реален исход. Во второто полувреме имавме многу простор меѓу линиите, требаше да играме подобро“.

„Секогаш е тешко да се игра против селекција како Франција. Сакавме да го наметнеме нашиот стил, но губевме многу топки на неприфатлив начин. Сепак, ние сме тим кој уште расте“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…