Курти: Србија не сака договор со Косово, Западот да ѝ каже дека не може повеќе
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија не сака договор со Косово и дека причина за тоа е што на српскиот претседател, Александар Вучиќ му пречи напредокот што го бележи косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коментирајќи го вчерашниот неуспешен обид во Брисел, со посредство на емисарот на Европска Унија, Милослав Лајчак да се постигне договор меѓу двете држави за користењето на автомобилските регистерески таблички од едната во другата држава, Курти побара од Лајчак јавно да каже „која од страните не била конструктивна“.
– Јас немам дилеми. Знам дека нашиот главен преговарач (вицепремиерот, Бесник) Бислими бил и конструктивен и креативен, но јасно е дека Белград не е заинтересиран да има договор. Ние воопшто не сакаме да го ставиме под знак прашање принципот на реципроцитет. До посредникот е да даде објаснување зошто конкретно не е постигнат договорот, кој бил многу блиску и за кој и Лајчак се заложил многу, изјави Курти за косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК
Шефот на косовската Влада вели дека Белград во последно време „ја засилува агресивноста кон Косово“, затоа што на српскиот претседател Вучиќ му пречат „успесите на Косово… на сите полиња“.
– Српскиот претседател ја засилува агресивноста кон Косово и јс сум уверен дека тоа е поради успесите на Косово. Ние напредувме на сите полиња, и тоа нему му пречи, рече Курти.
Тој побара од меѓународниот фактор да им даде до знаење на српските власти дека „не можат повеќе да продолжат така“.
– Ние си ја вршиме нашата работа, но треба и западните канцеларии да му кажат на Белград дека не можат повеќе да продолжат така, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човек од Косово лажел дека има леукемија,…
Полицијата во Косово во саботата уапси човек…
ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!
Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…
Претседателските избори во Србија ќе бидат закажани…
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…