Куче нападна и уби 82-годишна жена во Задар

t

Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена во Задар бил припадник на хрватските вооружени сили,  па жалење упатиле Министерството за одбрана и вицепремиерот и министер Иван Анушиќ.

-Припадниците на полкот на Воената полиција во соработка со полицијата приведоа припадник на армијата кого Управата на полицијата во Задар го товари за тешко кривично дело против општата безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека е приведен во службените простории на задарската полиција. Тие се товарат за кривично дело сторено надвор од службена должност.

-Воената полиција и понатаму ќе ги презема сите дејствија за утврдување на дисциплинска одговорност на тој припадник на вооружените сили, информираат од Министерството за одбрана.

Како што претходно беше соопштено, во полициската управа Задар, вчера во раните утрински часови е пронајдена мртва 82-годишна жена со повреди кои укажуваат на насилна смрт.

Во станот било пронајдено и кучето коешто е во сопственост на член на семејството. Во станот е извршен увид, а кучето е преземено од надлежната ветеринарна служба.

Обдукцијата на жртвата утврдила дека таа починала како последица на каснување од куче, јавија хрватските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепските пожарникари спасија куче коешто било потиснато…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Куче паднало во шахта и ги изгризало…

Денеска паднато куче во шахта ги изгризало…

(Видео) Силно невреме во Задар, градот е…

Во областа Задар од неделата навечер до…

Куче нападна и уби 82-годишна жена во…

Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена…

Запознајте го Зиги, новата маскота на ЈП…

Зиги е најстариот резидент на ЈП Лајка,…