Куче нападна и уби 82-годишна жена во Задар
Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена во Задар бил припадник на хрватските вооружени сили, па жалење упатиле Министерството за одбрана и вицепремиерот и министер Иван Анушиќ.
-Припадниците на полкот на Воената полиција во соработка со полицијата приведоа припадник на армијата кого Управата на полицијата во Задар го товари за тешко кривично дело против општата безбедност, соопшти Министерството за одбрана.
Оттаму додаваат дека е приведен во службените простории на задарската полиција. Тие се товарат за кривично дело сторено надвор од службена должност.
-Воената полиција и понатаму ќе ги презема сите дејствија за утврдување на дисциплинска одговорност на тој припадник на вооружените сили, информираат од Министерството за одбрана.
Како што претходно беше соопштено, во полициската управа Задар, вчера во раните утрински часови е пронајдена мртва 82-годишна жена со повреди кои укажуваат на насилна смрт.
Во станот било пронајдено и кучето коешто е во сопственост на член на семејството. Во станот е извршен увид, а кучето е преземено од надлежната ветеринарна служба.
Обдукцијата на жртвата утврдила дека таа починала како последица на каснување од куче, јавија хрватските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…
Чешка веројатно нема да ја исполни целта…
Чешка годинава веројатно нема да ја исполни…
АХВ тврди: Не е волк, се работи…
Откако во јавноста се појавија информации дека…