Кoнфликт во Украина ќе има, прашањето е дали ќе премине во вoјна
Конфликтот со помал или поголем интензитет во Украина е извесен, бидејќи Западот, односно Соединетите Американски Држави (САД) не се согласија на ниту едно барање на Русија, изјави претставникот на Институтот за европски студии, Стеван Гајиќ.
Гајиќ во изјава за Танјуг истакнува дека најхраброто барање на руската страна било НАТО да ги повлече своите војници и да ги врати во државата во состојбата во која беа во 1979 година.
„Мислам дека е се поверојатно да дојде до конфликт, бидејќи Западот, односно САД, не се согласија на ниту едно од барањата што ги имаше руската страна, а најхрабро е повлекувањето на НАТО на граница од 1979 година. Тоа значи излез на НАТО од земји како што се балтичките земји, Албанија, Македонија, Црна Гора и Хрватска, како и Романија и Бугарија“, рече Гајиќ.
Тој посочува дека Русија отворено побарала да се повлечат странските војници од Романија и Бугарија, додавајќи дека експлицитно ги споменале само тие две земји, но посочува дека се знае што значи враќање на ситуацијата од 1979 година.
„Бидејќи е тешко да се очекува дека НАТО, односно САД, ќе се согласат на тоа, мислам дека конфликтот со помал или поголем интензитет е повеќе од веројатен, ако не и сигурен“, рече Гајиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе му дадат 1 милијарда долари…
САД планираат да ѝ доделат на Колумбија…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Трамп го забрани „породилниот туризам“ во САД…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нови извршни…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
(Видео) Ранет шефот на дроновите на Путин,…
Основачот на рускиот производител на беспилотни летала…