Лавров во Скопје со времена дозвола

t

Од 9 до 12 часот денеска (28.11.) ќе се реализира генералната проба за одвивањето на посебниот сообраќаен режим што ќе се воведе утре и задутре заради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Последната дилема – дали на состанокот ќе учествува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров,  е резрешена вчера, откако официјална Софија даде дозвола за прелет на Специјалната водухопловна единица „Русија“ преку нејзиниот воздушен простор.

„Врз основа на добиено барање од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во својство на претседавач на ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-тиот состанок на  Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје на 29 ноември – 1 декември 2023 година, за обезбедување дозвола за прелетување на делегациите за учество на претстојниот Совет на министри на ОБСЕ, МНР на Република Бугарија даде дозвола за реализирање на лет на Специјалната водухопловна единица ‘Русија’ преку воздушниот простор на Република Бугарија за спроведување на лет за транспорт на делегација за учество на меѓународниот форум“, соопшти бугарското МНР.

Во одговорот се наведува дека дипломатското овластување за прелет е од привремен карактер и е валидно 3 часа пред и 72 часа по назначениот датум и време на прелетување. Детали за датумите од временската рамка не се објавени.

„Дадената дозвола е дадена за учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје на министерот за надворешни работи на Руската Федерација  Сергеј Лавров  и спаѓа во исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ против него. Дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои исто така се санкционирани лица, според важечкото право на ЕУ, што е изрично наведено во нотата-одговор на бугарската страна“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

ОБСЕ е спасена

ОБСЕ е спасена. Со овие зборови Претседавачот…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Османи: Дискусиите за исклучување на Русија од…

Дискусиите за исклучување на Русија од ОБСЕ…

(Фото) Аеродромот како во воена состојба: Странските…

Странските делегации кои присуствуваа на Самитот на…