Лавров на прес-конференцијата неколку пати кажа Македонија без „Северна“

t

Лавров на прес конференцијата неколку пати ја наслови земјата со Македонија без навредливото Северна.

Тој исто го пофали македонското вино, кажа дека ОБСЕ е во криза, истакна дека балансот на безбедноста во Европа бил нарушен од западот со излегување од неколку договори за контрола на најразлично оружје, ракети со средн и краток дострел, нуклеарната пролиферација итн. Исто така кажа дека ОБСЕ потфрлил во мисијата за заштита на цивилите во Донбас каде известувал и делувал пристрасно на страната на „пучистичката“ влада во Киев.

Запрашан за бугарската агресија кон македонскиот идентитет изјави дека Русија не е замешана во таа агресија, туку дека западот е длабоко замешан во обидите на Бугарија за мешање во внатрешните работи на Макеоднија, како и дека западот длабоко се меша во внатршните работи на државите на Балканот, а особено во државите од поранешна Југославија.

Тој исто така истакна дека западот на Балканот поддржува некои етнички групи во нивната агресија кон други држави кршејќи го меѓународното право и норми, додека други етнички групи ги потиснува на сметка на нивните основни интерси и суверенитет.

Тој истакна дека рускиот народ има топли чувства кон македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…