Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија ја смета нуклеарната реторика на францускиот претседател Емануел Макрон за закана.
“Се разбира, ова е закана за Русија. Тој свикува состанок на началниците на генералштабовите на европските земји и Велика Британија тврдејќи дека е неопходно да се користи нуклеарно оружје подготвувајќи се за употреба на нуклеарно оружје против Русија, ова е, се разбира, закана“, рече Лавров на прес-конференција, пренесува РИА „Новости“.
Тој, исто така, ја нарече „нејасна“ изјавата на Макрон за неприфатливоста на капитулацијата на Украина.
Лавров изјави и дека испраќањето европски мировни сили во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против Русија.
„Овој план за испраќање мировници во Украина е продолжување на заканата на режимот во Киев за војна против нас“, рече Лавров во интервју за весникот на руското Министерство за одбрана „Краснаја звезда“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…