Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја прекрши повелбата на ОН“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше по телефон со својот ирански колега Абас Аракчи.
Рускиот министер му рече на Аракчи дека Москва ја осудува акцијата на Израел и го увери дека Русија е подготвена да продолжи да придонесува за нормализација на ситуацијата во врска со нуклеарната програма на Иран.
Според Лавров, акцијата на Израел е кршење на Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право. „Русија е подготвена да придонесе во напорите насочени кон деескалација меѓу Израел и Иран“, рече Лавров, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Рускиот дипломат изрази сочувство за големиот број жртви во Иран како резултат на израелскиот напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…