Лавров: Средба Путин-Зеленски не е планирана
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „нема планирана средба“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.
„Нема планирана средба… Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога ќе биде готова агендата за тој самит. А таа агенда апсолутно не е готова“, рече Лавров во интервју за американската телевизија Eн-би-си.
Дополнително, дипломатот, зборувајќи за резултатите од самитот Русија-САД во Алјаска и решавањето на украинскиот конфликт, посочи дека Русија се согласила да покаже флексибилност по голем број прашања што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателот Трамп предложи неколку точки по Анкориџ, за кои имаме исто мислење, а за некои од нив се согласивме да покажеме одредена флексибилност“, рече Лавров.
Средбата меѓу претседателите на Русија и САД се одржа во Алјаска на 15 август. После тоа, Трамп одржа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и високи претставници на европските земји во Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Средба Путин-Зеленски не е планирана
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
ДИК го донесе упатството за бројот на…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево го донесе…
Додик: Приведено е лицето кое стои зад…
Дојавата за закана со бомба во Народното…
Лукашенко: Презедовме голем број чекори кон САД…
Белорусија презеде голем број чекори кон Соединетите…
Студентите со брз одговор до Вучиќ: „Дебата?…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги покани…