Објавено на:

Лавров: Средба Путин-Зеленски не е планирана

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека „нема планирана средба“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски.

„Нема планирана средба… Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога ќе биде готова агендата за тој самит. А таа агенда апсолутно не е готова“, рече Лавров во интервју за американската телевизија Eн-би-си.

Дополнително, дипломатот, зборувајќи за резултатите од самитот Русија-САД во Алјаска и решавањето на украинскиот конфликт, посочи дека Русија се согласила да покаже флексибилност по голем број прашања што ги покрена американскиот претседател Доналд Трамп.

„Претседателот Трамп предложи неколку точки по Анкориџ, за кои имаме исто мислење, а за некои од нив се согласивме да покажеме одредена флексибилност“, рече Лавров.

Средбата меѓу претседателите на Русија и САД се одржа во Алјаска на 15 август. После тоа, Трамп одржа средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и високи претставници на европските земји во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за…

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за…

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија Тујнкамер…

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција соопшти дека е уапсен таткото…

Родителите на загинатите во Пулс: Не бараме…

На денешното рочиште, од седум најавени сведоци…

Тошковски на средба со новата британска амбасадорка:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…