Објавено на:

Лазаров: Даваме сè за Македонија, а бараме само почит – особено кога ќе згрешиме!

t

„Ова е еден од моите најсреќни денови во животот во спортската кариера. Не е лесно да ги мотивираш ракометарите, посебно затоа што добиваме големи критики од јавноста. Големите шампиони знаат како да го преживеат притисокот. Даваме срце и душа за Македонија, па поради тоа барам само малку почит, особено кога ќе згрешиме затоа што грешки прават и други големи спортисти“, вели Лазаров.

Лазаров повтори дека Фарски Острови уште еднаш покажале дека се опасен ривал, а тоа можеше да се забележи на првиот дуел во Торшавн.

„Иако името не е атрактивно, сепак јас претходно нагласив дека станува збор за сериозен ривал. Ги анализиравме периодов, не се плашев, но знаев дека ќе ве казнат ако згрешите и така беше во Торшавн. Променивме многу работи во тактиката и момците одиграа одличен меч во реваншот. Кај нас проблем е менталитетот, многу брзо стануваме еуфорични, но исто така и паѓаме во депресија. Нашата анализа беше точна, тие играа ‘седум на шест’ и тешко е да се браниш против таква репрезентација, но ги натеравме да се откажат и да се вратат на ‘шест на шест’. Моите момци заслужуваат само пофални зборови“, посочи селекторот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…