Лазаров: Оваа победа ќе ни донесе полесен противник во баражот за СП!

t

Македонија конечно блесна на Европското првенство (ЕП) и ја совлада незгодната Швајцарија со 29-27 за прв триумф на натпреварувањето. Селекторот Кирил Лазаров конечно се израдува на ова ЕП.

Тој по мечот кажа дека неговите пулени одиграле квалитетен меч со голема борба и желба за победа.

„Сакам да им честитам на моите момци за одлична борба во сите 60 минути. Моето прво чувство е дека одигравме квалитетен натпревар со голема борба и желба за победа. Кога посакувате триумф, не е важно ништо друго. Швајцарија покажа на ова првенство дека е квалитетна. Јас сум задоволен од настапот, мислам дека ги намаливме техничките грешки. Жал ми е што на претходните натпревари не постигнавме подобар резултат. Сепак, и ова е добар резултат и благодарен сум на сите. Ова беше многу важна победа за нас бидејќи завршивме на трето место и ќе имаме полесен противник за баражот за пласман на Светското првенство наредната година“, кажа Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…