Латвија и Литванија ќе протеруваат руски дипломати

Литванија и Латвија објавија одлука за намалување на дипломатските односи со Русија, со наредба на руските амбасадори да ги напуштат двете балтички држави.
Министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис денеска најави дека во наредните денови од Москва ќе биде повлечен и дипломатскиот претставник на Литванија.
Вилнус одлучи и да го затвори рускиот конзулат во градот Клаипеда.
„Како одговор на немилосрдните агресивни дејствија на Русија во Украина, литванската влада одлучи да го намали статусот на дипломатската мисија“, изјави Ландсбергис за новинарите.
„Рускиот амбасадор ќе мора да ја напушти Литванија“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Литванија со порака до претседателот на Русија:…
Литванија со порака до рускиот претседател, Владимир…
Македонски војници “на граница со Русија” –…
Од Министерството за одбрана, како коментар на…
Литванија нема докази дека експлозијата на гасоводот…
Извршниот директор Амбер Грид, компанијата задолжена за…
(ВИДЕО) СТРАШНИ 50-МЕТАРСКИ ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ: Експлодираше гасоводот…
Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија…
Европска дискриминација: Литванија им забрани на Русите…
На Русите и на Белорусите во Литванија…