Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето од биогасна централа

Во центарот на Општина Градско, под плаштот на наводно еколошки проект, беше изградена биогасна централа која наместо да донесе корист за околината, претставува извор на секојдневна неподнослива смрдеа и причина за растечко незадоволство кај локалното население. Граѓаните, кои велат дека никој не ги прашал за мислење пред изградбата, сега живеат со последиците – загаден воздух, нарушен мир и загрозено здравје.
„Не сме против енергија од отпад, но сме против да се труеме во сопствениот дом!“, реагираат од Левица – Градско, од каде што упатија јавен повик за независна еколошка контрола, транспарентност во работењето на централата и итни мерки за заштита на здравјето и животната средина.
Нивната реакција доаѓа во период кога јавноста повторно се потсетува на големата еколошка хаварија што се случи лани во јули, кога пукна браната со течно ѓубриво од биогасната централа и содржината заврши во реката Вардар. Инспекторите тогаш констатираа дека отпадот кој требало да се складира во специјален резервоар бил нелегално пренесен и истоварен на соседна парцела, каде што се направила лагуна без дозвола, која потоа пукнала.
Последиците беа катастрофални. Се случи масовен помор на риба низводно од Градско – скобал, утман, мрена, бојник, клен и дури и потешки видови како сом и крап беа пронајдени мртви. Искусните риболовци од регионот велат дека не виделе вакво уништување на водниот свет во Вардар никогаш досега.
Поради оваа хаварија, правното лице управувач на централата се соочи со парична казна од 110 до 120 илјади евра, додека одговорното лице, со дополнителна санкција од 6.000 евра. Според директорот на Државниот инспекторат за животна средина, постапката беше во завршна фаза и ќе беше доставена до сторителите со можност за спогодување или судски процес во Основниот суд Велес.
И покрај сето ова, централата и понатаму работи, а жителите остануваат игнорирани. Ниту мирисот се намалил, ниту е вратена довербата во институциите. Од Левица порачуваат дека е време за гласен отпор и бараат конкретна акција, пред уште една „еколошка инвестиција“ да стане трајна еколошка катастрофа.
Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:
СМРДИ, ЗАГАДУВА, А МОЛК СЕКАДЕ! 🔴
Во срцето на Општина Градско никна Биогасна централа – наводно еколошки проект, а…Posted by Левица – Градско on Sunday, June 15, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…