Левица: Една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот

t

Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се на фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски, кој е во кумовски однос со Максим Димитриевски. Во оваа приказна се појавува и Александар Крстевски, поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, велат од политичката партија Левица.

– Мора да се признае дека Драган Митевски покажува извонреден претприемачки инстинкт. Се чини дека речиси секоја економска можност успева навреме да ја препознае и да ја искористи. Така беше и со парцелата предвидена за „Лидл“, која, сосема случајно, се наоѓала во негова сопственост уште пред да стане извесно дека компанијата ќе инвестира во Куманово.

Факт е дека 16 од 48-те прифатени иницијативи, односно една третина или 33 проценти од вкупниот број, се поврзани со Драган Митевски. Таквиот удел навистина остава впечаток на исклучителна деловна успешност и способност за препознавање можности таму каде што другите не ги забележуваат.

Со оглед на ваквите резултати, можеби вреди да му се предложи да ги испроба своите способности и на светските берзи. Ако досегашната прецизност во проценките е показател, Куманово би можело да добие свој инвеститор кој ќе им конкурира и на најголемите имиња во светот на финансиите. А тоа што е во кумовски однос со Максим Димитриевски, се разбира, останува само интересна коинциденција. – стои во објавата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Една третина од енергетските иницијативи завршуваат…

Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување…

Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…

„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги…

Од Левица критикуваат дека додека ВМРО-ДПМНЕ одбива…

Левица: Новото задолжување е доказ за испразнетата…

Новото задолжување од 260 милиони евра кое…

Левица бара итно разрешување на Арбен Фетаи:…

Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно…