Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна и вториот тендер за ветените автобуси

t

„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси”, „модерен транспорт” и „бесплатен јавен превоз”. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно“, велат од Левица.

„Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат намерно го блокираа Советот на Град Скопје, саботирајќи ја набавката на автобуси што самите ја ветуваа. По парламентарните избори во 2024 година, премиерот Христијан Мицкоски најави дека не градот Скопје, туку Владата ќе ги набави новите автобуси и дека истите ќе дојдат во октомври 2025 година. Откако пропадна првиот тендер, Мицкоски ретерираше и најави нови автобуси во март оваа година.

На последната седница на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски воодушевено говореше како не видел поубав автобус од оној на ИКАРУС и дека новите автобуси ќе стигнат за еден месец. Вчера медиумите објавија дека пропаднал и вториот тендер, оној кој го доби унгарскиот ИКАРУС, што значи нови автобуси нема да има ниту оваа година!

Поради неспособноста на вмровските властодршци, скопјани секој ден чекаат автобус што не доаѓа, се гужваат во нефункционални возила и губат часови од својот живот поради тоталниот колапс на јавниот превоз, додека градоначалникот Орце со месеци го крие штетниот договор кој ЈСП го склучи со фирмата ,,Маратон”“, посочуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Скопјанка сведочи за потегот на возач на…

Возач на автобус на ЈСП со својата…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…