Левица: Македонците се во долгови до гуша само за да се прехранат
Македонија навлегува во длабока економска криза. Трошоците за живот растат, платите стагнираат, а едно семејство троши околу 26.000 денари месечно само за храна. Ова не е само социјален проблем туку и системски економски притисок кој веќе ги турка граѓаните кон долгови, регираат од политичката партија Левица.
– Синдикалната потрошувачка кошничка достигнува околу 84.000 денари, што значи дека огромен дел од населението живее со месечен дефицит со оглед на тоа што најголем процент од вработените се на минимална плата. Токму тука се гледа уште една опасна појава, сериозно зголемување на задолжувањето кај граѓаните, особено преку филијалите за брзи кредити. Луѓето повеќе не земаат кредити за инвестиции или развој, туку за преживување, за храна, сметки и основни потреби.
Паралелно со ова, имаме дупка во државниот буџет и сериозна дупка во пензискиот фонд, што отвора прашање за долгорочната одржливост на системот. Во исто време, извозот е намален за 8.3%, што значи сериозно помал прилив на свеж капитал во државата.
Особено загрижувачки е падот на индустриското производство. Индустријата како главен двигател на економијата слабее, што директно влијае врз вработувањето, платите и извозот. Намаленото производство значи помала додадена вредност и помалку приходи за целата економија.
Дополнително, земјоделието, како еден од клучните сектори, бележи пад. Причините се повеќеслојни: зголемени трошоци за производство (ѓубрива, гориво, механизација), недоволна државна поддршка, нестабилни откупни цени и слаб пласман на производите. Резултатот е намалено домашно производство на храна, што дополнително ја зголемува зависноста од увоз и ги крева цените.
На ова се надоврзува и инфлацијата, која директно го намалува реалниот стандард. Платите што стагнираат во вакви услови значат дека граѓаните секој месец се реално посиромашни.
Ова бара итни и сериозни мерки. Краткорочно, неопходно е целосно прилагодување на државните капацитети: засилени инспекции за контрола на цените и спречување злоупотреби, како и разумно ограничување на цените на основните производи за да се заштити животниот стандард. Долгорочно, државата мора да се фокусира на зајакнување на сопствените енергетски капацитети и ревитализација на индустријата и земјоделието. Без стабилно домашно производство, нема економска сигурност.
На крајот, прашањето е суштинско: од каде ќе се обезбедуваат средства за функционирање на државата ако производството паѓа, извозот се намалува, а граѓаните сè повеќе се задолжуваат?
Ако не се преземат структурни и храбри економски политики, ова веќе не е само криза, ова е постепено економско исцрпување на државата и народот. – коментираат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Македонците се во долгови до гуша…
Македонија навлегува во длабока економска криза. Трошоците…
Левица: Мицкоски со закон ќе им дозволи…
Владата, на мала врата, се обидува што…
Левица: Владата да воведе данок на екстра…
Владата да воведе данок на екстра профит…
Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството…
Политичката партија Левица во објава на социјалните…
Левица: Наместо да ја решава кризата, Трипуновски…
Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не познава, како…