Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство

t

Политичката партија Левица во објава на социјалните мрежи обвинува за партизација во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во продолжение нивната објава на Фејсбук.

– Незадоволството од работењето на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, продолжува да расте и тоа не само меѓу земјоделците, туку и меѓу вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Деновиве до Левица пристигнаа сведоштва од внатре, според кои десетици вработени се прераспределени по подрачни единици надвор од Скопје, не поради реална потреба, туку како форма на одмазда и дисциплинирање за „непослушните“. Паралелно на ова дел од вработените се избркани, а голем дел биле доведени во ситуација сами да дадат отказ поради неподнослива работна атмосфера, мобинг и притисоци.

Една од клучните алатки за вакви притисоци, како што сведочат дојавувачите, е манипулација со систематизацијата. Имено, со менување на условите за работните места, вклучително и бришење на критериумот за соодветно високо образование, во Министерството се отварало простор за деградирање и преместување на искусни кадри, за сметка на лица кои немаат соодветни квалификации, но имаат политичка поддршка.

Вработените во Министерството за земјоделие реагираат дека уште од сега им е најавено дека со новата систематизација, која треба да биде во мај, голем дел од нив ќе бидат преместени и деградирани и тоа без јасни критериуми и без образложение засновано на професионални стандарди.

Дополнително, вработените се загрижени и од фактот што немаат институционална заштита. „Синдикатите молчат, трудовиот инспекторат се прогласува за ненадлежен, а судството е преоптоварено и блокирано со предмети за работни односи па рочиштата се закажуваат со месеци, а постапките траат со години“, се вели во реакцијата до Левица. Во ваков систем, како што велат засегнатите вработени, работничките права остануваат само декларативни, без реална можност за заштита.

Со години наназад, секоја власт ги користи систематизациите како механизам за вдомување, унапредување и заштита на партиски послушници, додека стручните и непартиски кадри се маргинализираат.

Затоа, Левица бара да се воспостави вистински мерит-систем и да се стави крај на партизацијата на администрацијата затоа што ваквите злоупотреби со години ја разјадуваат државата одвнатре, а способните и високостручни кадри заминуваат. – стои во објавата на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Мицкоски: Расте земјоделското производство, акумулациите од 8…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Мицкоски: Земјоделството бележи раст, исплатени над 15…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…