Левица: Минимална плата за голо преживување, Македонија заглавена на дното
Минималната плата во Македонија денес е најјасниот показател за лошите економски политики што со години ги водат владејачките елити. Додека речиси сите земји во регионот вклучително и оние со послаба економска основа од нашата, презедоа сериозни чекори за зајакнување на позицијата на работниците и за раст на платите, Македонија останува заглавена на дното. Наместо да обезбеди достоинствен живот, минималната плата кај нас сè почесто значи голо преживување во услови на растечки трошоци и системска негрижа кон трудот, реагираат од Левица.
Во продолжение нивното соопштение:
Бројките се немилосрдни. Црна Гора за помалку од три години ја зголеми минималната плата од 250 на 600 евра. Србија, Босна и Херцеговина и Албанија исто така покажуваат дека кога постои волја платите можат да растат побрзо од инфлацијата.
Само кај нас, „реформите“ се сведуваат на козметички корекции кои уште пред да стигнат на сметка веќе се изедени од цените во маркетите, сметките за струја и кириите.
Со минимална плата 397 евра, државата практично признава дека трудот на илјадници луѓе вреди помалку од основната потрошувачка кошничка. Уште полошо, Власта се крие зад флоскулите за „продуктивност“ и „реалниот сектор“, како работниците да се виновни што економскиот модел е нефункционален. Ако по три децении транзиција вашата конкурентност сè уште се темели на ниски плати, тогаш проблемот не е во работникот туку проблемот е во економската политика. Земјите што ги гледаме околу нас покажуваат дека зголемувањето на минималната плата не ја уништува економијата, туку ја турка кон повисока додадена вредност и поголема внатрешна побарувачка.
Минималната плата не е подарок од државата, туку темелна мерка за основно човечко достоинство. Сè што е под тоа ниво е отворено признание дека системот е дизајниран да работи против мнозинството, а во корист на малкумина.
Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните: зголемување на минималната плата, ефективна контрола на цените на основните продукти, унапредување на социјалните мерки и транспарентност во монетарната и фискалната политика. Воведување на прогресивен и фер даночен систем кој ќе обезбеди олигарсите и најбогатите да плаќаат поголеми даноци во интерес на сите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Минимална плата за голо преживување, Македонија…
Минималната плата во Македонија денес е најјасниот…
Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја…
По реакциите и објавите на Левица, веќе…
Левица: Уставниот суд да отвори предмет за…
Левица бара Уставниот суд да отвори предмет…
(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…
Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…
Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000…
Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски,…