Левица: Уставниот суд да отвори предмет за новите измени на Кривичниот законик
Левица бара Уставниот суд да отвори предмет за новите измени на Кривичниот законик.
– Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, власта на Мицкоски наместо да ја заостри казнената политика за злоупотреба на службената положба – таа ги НАМАЛУВА казните и ДЕКРИМИНАЛИЗИРА голем дел од корупцијата при јавни набавки!
Наместо да се донесе новиот Кривичен законик, на кој работеше група експерти и седум години стои во фиока, ДПМНЕ целосно ги игнорираше забелешките од експертите искажани на јавната расправа и ги донесе скандалозните измени на членот 353.
Со донесените измени од владејачкото мнозинство:
се намалуваат минималните и максималните казни за злоупотреба на службена положба во држава која страда од неказнивост на функционери;
за прв пат се воведува можност за условна казна со намалување на минималната казна на 4 години која претходно изнесуваше 5 години и не постоеше правна можност за условна казна;
се намалува максималната казна за злоупотреба на службена положба на 8 години која претходно изнесуваше 20 години, што значи криминалот на функционерите ќе застарува за 16 години (наместо за 40 години како што гласеше претходното законско решение);
се брише ставот кој предвидува одговорност за службените лица во органите на државната управа со што се амнестираат од одговорност министри, директори и други вработени во органите на државната управа.
Јасно е дека со ваквите ШТЕТНИ измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од функционерите и службените лица и токму поради тоа го повикуваме Уставниот суд да отвори предмет за преиспитување на уставноста на измените на членот 353. Тенденцијата на корумпирана власт очигледно е да обезбеди идна амнестија за криминалните тендери доделени на фирми на роднини и пријатели на нивните функционери и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на парите на граѓаните. – соопштија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…