Левица не ја поддржа изградбата на две нови средни училишта во Скопје

t

Советниците од политичката партија Левица на денешната седница на Советот на Град Скопје не ја поддржаа точката за изградба на две нови средни училишта – „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода, и „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров.

Станува збор за проекти што треба да обезбедат современи и достоинствени услови за учениците и наставниците, кои со години работат во крајно несоодветни простории. Изградбата на двете нови училишта е предвидена со сопствени средства на Град Скопје.

Неподдржувањето на овие проекти отвора сериозно прашање за приоритетите на советниците на Левица. Учениците заслужуваат јасен одговор зошто изградбата на нови училишта, во кои ќе се образоваат сегашните и идните генерации, не ја доби нивната поддршка.

Образованието е прашање од јавен интерес и заслужува одговорност од секој избран претставник.
Политичките разлики не смеат да бидат пречка за обезбедување подобри услови за учење, развој и напредок на младите.

Град Скопје останува посветен на реализацијата на двете нови средни училишта и на понатамошните инвестиции во образованието.
Обврската кон учениците, родителите и наставниците е создавање услови во кои секое дете ќе може да го оствари својот потенцијал, велат градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…