Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

t

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности


Почитувани земјоделци,

Деновиве сме сведоци на многу варијации и манипулации со откупните цени на нашите земјоделски производи: младиот компир, кромидот, зелката, доматите, а во скоро време ќе почне бербата и на останатите производи како: бостанот, дињите, житото итн.

Сакаме да ве информираме дека согласно Законот за земјоделство и рурален развој, член 31, откуп на земјоделски производи може да врши само регистриран откупувач кој мора да поседува баждарена вага. Исто така,  многу важно, откупните цени за секој производ и класа мора да бидат истакнати на видно место на откупниот пункт и истите можат да се менуваат неделно.

До нас стигнаа голем број на поплаки поради откуп на земјоделски производи без кантарни белешки или, пак, без цена на нив. Сите вакви манипулации на откуп на производи без пишана цена на кантарната белешка земјоделците да ги пријавуваат во Левица, па откупувачите кои не работат согласно закон ќе бидат пријавени кај надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници

Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…