Левица удри по Тренчевска: Покачувањето на пензиите е понижувачко – Што се 850 денари во време на криза?!
Долгонајавуваното покачување на пензиите е понижувачко, велат од Левица од каде што посочуваат дека во Македонија богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни.
– ДОЛГОНАЈАВУВАНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Е ПОНИЖУВАЧКО
Во изминативе месеци во кои граѓаните се чуствуваат немоќно во однос на општите поскапувања за живеење, Владата на СДС и ДУИ, во манипулативен манир, реши да се поигра со достоинството на пензионерите.
Долгото најавување на зголемувањето на пензиите на пензионерите, беше со цел амортизација на незадоволството на дел од граѓаните – со што Владата на СДС и ДУИ покажа дека нема намера да го заштити достоинство на пензионерите.
Пред само неколку дена, анти-државната Влада, преку Министерството за труд и социјална политика, изјави дека ова фамозно и долгоочекувано зголемување на пензиите ќе изнесува едвај 850 денари!
Во услови на економска криза, проследена со речиси двојно зголемување на цените на основните прехрамбени продукти како и зголемувањето на струјата од над 30 отсто, апсурдно и крајно понижувачки е МТСП да се фали со зголемување на пензиите од 850 денари.
Срамно е што покачувањето на пензиите од неполни 7 отсто, се однесува за сите пензионери подеднакво, па така оние пензионери кои земаат највисоки пезнии ќе добијат и најголемо покачување од 1 500 денари, што е уште еден доказ дека во Република Македонија богатите стануваат побогати, а сиромашните уште посиромашни, велат од Левица.
Претходно Министерството за труд и социјална политика и Владата објавија дека пензиите ќе бидат зголемени за 6,8%, што го нарекоа историско зголемување на пензиите и грижа за пензионерите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…