Лекарската комора ќе донира 5.000 евра за настраданите во земјотресот во Турција
Лекарската комора донесе одлука за доделување на парична донација во висина од 5 000 евра за настраданите граѓани во земјотресот во Турција. Средствата, како што информираат се уплатени во фондот „Хуманитарна акција“, воспоставен од Центарот за управувањ со катастрофи и вонредни состојб при Министерството за внатрешни работи на Република Турција.
Лекарската комора воедно го поздравува големиот одзив на здравствените работници на повикот за медицинска помош во Турција кој го објави Министерството за здравство и ги охрабрува сите доктори на медицина кои се во можност да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес. Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело, се вели во соопштението.
Додаваат дека е испратено и писмо за поддршка до турската Лекарска комора во кое ја искажуваат подготвеноста за помош со ресурсите со кои располага.
Граѓаните и здравствените работници на нашата држава знаат што значи поддршката во вакви моменти, поради тоа што се соочиле со природна катастрофа од ваков вид, земјотресот во Скопје во 1963 година, кога многу наши семејства биле директно засегнати. Во овој момент е најважно да се обединат сите ресурси за помош кои постојат и да се насочат во подрачјата каде е најпотребно. Комората ги следи случувањата и во координација со надлежните институции ќе остане инволвирана во наредните активности за поддршка, порачаа од Комората.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…