Лица со фалсификувани патни исправи фатени на Табановце и Меѓународниот аеродром Скопје!
На 19.01.2024 во 10.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(53) од Република Србија. При пасошка контрола и проверка, тој на увид приложил бугарска возачка дозвола и бугарска лична карта, за кои по извршени проверки било констатирани дека се фалсификувани. Лицето било предадено во Полициската станица Куманово и во координација со јавен обвинител, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово против него поднесе кривична пријава по член 378 од кривичниот законик – „фалсификување исправа.
На 19.01.2024 во 10.10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје”, полициски службеници го привеле О.А.(39) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговата патна исправа биле фалсификувани. Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…